Стапува во сила забрана за плаќање во кеш над 500 евра

Стапуваат во сила законските измени во Законот за спречувањето перење пари и финансирањето тероризам, со кој плаќањето во кеш е дозволено само за сметка до 500 евра. Сите што ќе сакаат да купат производи поскапи од 500 евра од утре нема да може да платат во готово. Плаќањето ќе мора да го извршат само преку платежна картичка или со уплатници во банка.

Ограничувањето важи и за физичките лица и за фирмите. Паричната казна за прекршувањето на законот се движи од 5 илјади до 80 илјади евра.

Министерот за финансии, Драган Тевдовски, за време на денешната работна посета во Битола потврди дека од утре стапува во сила законското решение според кое во платниот промет во кеш ќе може да се плаќа само до 500 евра. Тој порача дека мерката се спроведува за да се намали сивата економија и затоа што со плаќање на црно, практично, им се прави штета на граѓаните. Според него, за таа борба има институционален капацитет.

Треба да знаете
Последни објави