Силна експлозија се случи во воената фабрика Воткинск, која се наоѓа на околу 50 километри од Ижевск, главниот град на руската Удмуртска Република. По детонацијата избувнал пожар.
Руската државна новинска агенција Тас објави дека од диспечерскат служба дознала дека експлозијата се случила „за време на планирани тестови на ракетни мотори“. „Ова беше планиран настан, а не итен случај“, велат тие.
Покрај цивилните производи, фабриката произведува артилериски ракети, вклучително и стратешки балистички ракети за ракетните системи Топол-М и Искандер. Фабриката, која има и полигон, на крајот на минатата година доби 19 државни договори за производство на компоненти за нуклеарно оружје.
На социјалните мрежи се прошири видео на кое се гледа голема огнена топка која наводно била создадена по експлозијата.