Собранието денеска ќе ја одржи 143тата седница, една од последните седници на овој пратенички состав.
Како прва точка за денешната седница предвидено е да се расправа за разрешување на министрите за здравство Фатмир Меџити и за Информатичко општество и информации Азир Алиу на барање на техничкиот премиер Талат Џафери.
Втора точка, логично, е предлогот за именување на нови министри на местото на Меџити и Алиу.
Денеска пратениците треба да расправаат и за Законот за конфискација на имот во граѓанска постапка кој се носи во скратена постапка, а во прво читање ќе се најде и Законот за рестриктивни мерки, тесно поврзан со „црната листа“ на САД.
По скратени постапка на дневен ред се и измените и дополнувањата на Законот за посебните права на бранителите, Законот за социјална заштита, како и Законот за градење.
Овој парламентарен состав ќе функционира до 14 февруари кога ќе се распушти, а ден подоцна ќе бидат распишани и парламентарните избори кои треба да се одржат на 8 мај оваа година.