Жена (67) од Осијек вчера пријавила во полиција дека е ограбена, откако на телефон и се јавил измамник и ја известил дека заработила тргувајќи со криптовалути.
По телефонскиот повик, непознатиот сторител и испратил неколку пораки со линкови до интернет банкарство кои таа ги отворила, а од сметката и биле подигнати вкупно 7.000 евра.
„Бараме непознат сторител. Апелираме граѓаните да не ги внесуваат податоците од банкарската картичка на сомнителни веб-страници или апликации“, предупредуваат од полицијата.