(Видео) Пожар во центарот за мигранти во Велика Кладуша, 29 повредени

Најмалку 29 лица се повредени во пожар што утрово во 6 часот и 30 минути избувна во привремениот прифатен центар за неколку стотици мигранти во Велика Кладуша, северозападна Босна и Херцеговина.

Како што пренесуваат локалните медиуми, на местото има голем број пожарникари, а некои од повредените се пренесени во болницата во Велика Кладуша, додека некои се упатени во Кантоналната болница во Бихаќ.

Според првичните информации, причината за пожарот, кој се локализира, е човечка невнимателност.

Треба да знаете
Последни објави