Соединетите Американски Држави го отфрлиле предлогот на рускиот претседател Владимир Путин за прекин на огнот во Украина, објави денеска Ројтерс, повикувајќи се на неименувани извори.
Руски извори на агенцијата рекоа дека прекинот на огнот бил отфрлен по состаноците на посредниците, додека американскиот извор тврди дека немало официјален контакт меѓу двете страни.
Минатата година Путин преку посредници јавно и приватно испратил сигнали до Вашингтон дека е подготвен да размисли за прекин на огнот во Украина, велат изворите на британската агенција.