Кралот Чарлс пристигна во Лондон каде во наредните денови ќе оди на терапија.
Чарлс, кому пред неколку дена му беше дијагностициран рак, дошол во Лондон од резиденцијата Сандрингем каде што поминал неколку дена. Тој пристигна во Лондон во друштво на неговата сопруга, кралицата Камила.
Фотографиите од кралот кружат на интернет и многумина се загрижени за неговата состојба бидејќи на сликите изгледа прилично тажно.
Кралското семејство не откри точно за каков вид на рак се работи. Чарлс завршил во болница на операција на простата, но било забележано дека не се работи за рак на простата. Дека ситуацијата е сериозна говори и фактот што принцот Хари пред неколку дена дошол во Лондон да се види со својот татко, иако веќе неколку години се во лоши односи.