Eден од најдобрите тенисери во светото, кој подолг период поради повреда не настапува, Шпанецот Рафаел Надал потврди дека неговите љубители ќе почекаат да го видат повторно на терените. Надал кој е на залезот од кариерата нема да настапи на турнирот од серијата 250 во Доха. Шпанскиот тенисер се огласи на социјалната мрежа „Х“ со разочарувачка порака. -Би сакал да играм во Доха, каде тимот на турнирот, како и неверојатните навивачи на Катар секогаш ме поддржуваа. За жал, не сум подготвен да се натпреварувам и нема да можам да дојдам во Доха каде што навистина сакав да бидам и повторно да играм по таа незаборавна победа во 2014 година. Ќе се фокусирам на понатамошната работа за да бидам подготвен за неверојатниот турнир во Индијан Велс, напиша Надал.
![](https://arhiva.24info.mk/wp-content/uploads/2024/02/Screenshot-2024-02-14-221815.png)