На гостување на телевизијата „АТВ“, албанскиот премиер Еди Рама изјавил дека секој напад на Косово е и напад на Албанија. -Албанија не е само географски или државен ентитет кој има посебен однос со Косово. Секој напад на Косово е напад на Албанија и не смееме никогаш да го заборавиме Косово. Косово не е само, ја има не само Албанија, туку и стратешки партнери, за кои добро знаеме кои се и без кои Косово денес не би било држава. Секој ден треба да се размислува за значењето на сојузниците, дури и во фаза на целосен мир, порачал Рама. Албанија е и ќе биде со Косово во секоја прилика, е ставот на Рама, иако има заладени односи со неговиот косовски колега Аљбин Курти. Албанија стоеше, стои и ќе стои покрај Косово во секоја ситуација, дури и ако работите отидат до таму кога место зборови се користи оружје, истакна албанскиот премиер.