Блинкен пристигна во Тирана ќе има и средба со првиот човек на СПАК

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен пристигна во прва официјална посета на Тирана, каде ќе престојува осум часа. На меѓународниот аеродром „Мајка Тереза“ беше пречекан од министерот за Европа и надворешни работи, Игли Хасани, кој во објава на социјалните мрежи во која меѓу другото нагласува дека „посетата ќе ги зајакне партнерството и стратешката соработка на Албанија со САД, нашиот стар сојузник, изградени врз цврста основа меѓу нашите земји и народи“. -Добре дојдовте Ентони! Задоволство ни е да му посакаме добредојде на државниот секретар Ентони Блинкен на неговата прва официјална посета на Албанија. Посетата ќе ги зајакне партнерството и стратешката соработка на Албанија со САД, нашиот стар сојузник, изградени врз цврста основа меѓу нашите земји и народи. Исклучително сум благодарен на секретарот Блинкен за неговата непроценлива поддршка и соработка, напиша тој. Дилемата, која неколку дена е присутна во медиумите  и јавноста дали тој ќе се сретне со првиот човек на Специјалното обвинителство против организиран криминал и корупција, СПАК, Алтин Думани. Амбасадата потврдува дека, освен средбите со претседателот Бајрам Бегај и премиерот Еди Рама ќе се сретне и со „раководството на правосудниот систем“ што според медумите, тоа е Думани. По потврдата медиумите се прашуваат дали Блинкен носи список на лица кои САД ќе ги прогласи за непожелни. Инаку, токму Блинкен во мај 2021 година го прогласи поранешниот албански претседател и екс премиер, Сали Бериша, за персона нон грата, поради вмешаност во корупција.

Треба да знаете
Последни објави