Децата да се вакцинираат па да се носат во градинка

Новиот министер за здравство во техничката-влада, д-р Илир Демири запрашан за состојбата со големата кашлица во земјава која главно ги „напаѓа“ децата упати апел до сите граѓани, особено до родителите да ги вакцинираат децата. -Од Центарот за јавно здравје Скопје е прогласена епидемија. Моментално на државно ниво има регистрирано 34 заболени од пертусис. Јас ќе ја искористам оваа можност да се обратам уште еднаш на сите граѓани, особено на родители кои имаат мали деца – најголемо достигнување на здравствениот систем е вакцинацијата, затоа ги замолувам сите да пристапат кон вакцинација на своите деца. Сите деца прво треба да се вакцинирани, па да одат во градинка. Тоа беше и еден од критериумите и препорака од Комисијата за заразни болести – рече Демири.

Треба да знаете
Последни објави