Малолетни деца од забава во ноќен клуб во Белград во тешка алкохолизирана состојба завршиле во болница 

Откако од медиумите дознаа дека дванаесет деца синоќа биле примени на ВМА во тешка алкохолизирана состојба, Вишото јавно обвинителство во Белград формирало предмет за утврдување на сите околности на овој случај. Српските медиуми пишуваат дека иследниците се сомневаат дека децата испиле шпиритус. Главниот јавен обвинител на ВЈТ во Белград, Ненад Стефановиќ, нареди да се откријат одговорните и во соработка со полицијата да се соберат потребните информации, по што ќе се донесе одлука за квалификација на кривичното дело и гонење на сторителите. ВЈТ веднаш ќе ја информира јавноста за исходот од собраните известувања. Во ВМА синоќа биле примени дури 12 деца во тешка алкохолизирана состојба до 2,8 промили алкохол во крвта. „Беа во тешка алкохолизирана состојба, до 2,8 промили алкохол. Ова е сериозна состојба. Загрижува фактот што малолетниците пристигнуваат во ваква тешка состојба“, вели Иван Лековиќ, доктор на Итната помош на ВМА. Откако синоќа во ВМА беа примени дванаесет деца во тешка алкохолизирана состојба, се огласи и ноќниот клуб „Синер“ во Белград, каде беа отруени децата. „Клубот беше изнајмен синоќа за приватна прослава. Раководството на клубот нема никаква врска со синоќешните настани“, се вели во соопштението. По социјалните мержи се наведува дека деца се помлади од 15 години, а на забавата се отруле со шпиритус.

Треба да знаете
Последни објави