Замислете и јас да кажев нешто слично, ќе следеа пцости и навреди, авиони и топови: Вучиќ по изјавата на Рама за Косово

Албанија ќе биде на страната на Косово ако некој го нападне беше изјавата на албанскиот премиер Еди Рама кој додаде дека се моли да не дојде до таква ситуација.

За време на церемонијата по повод доделувањето одликувања на Денот на државноста, српскиот претседател Александар Вучиќ ја коментираше изјавата на Рама.

„Денес некој рече дека ако некој го нападне Косово, Албанија нема тоа да го дозволи, ќе биде на таа страна, не знам кој би го направил тоа. Замислете и јас да кажев нешто слично. Можеше да се слушне само молк денес. Замислете некој од нас да го кажеше тоа, ќе слушневте татнежи од пцости и навреди, авиони и топови, само еднаш засекогаш да ги замолчат Србите“, рече Вучиќ.

Треба да знаете
Последни објави