ВМРО-ДПМНЕ: Две години јавноста е сведок само на вработувања на љубовници, а Заев е фокусиран само на Груевски

Две години во Македонија владее хаос, криминал и корупција. Две години граѓаните осиромашуваат, Заев си го собира најмегаломанскиот буџет, а капиталните инвестиции ги нема. Две години се покачуваат акцизи, даноци, а се укинува планирано покачување на пензиите и додатокот за трето дете. Две години јавноста е сведок само на вработувања на синови, ќерки и љубовници, а Зоран Заев е фокусиран единствено на Никола Груевски.

Партијата која што се уште ја води политичар аболициран за тежок криминал, кој што ќе остане запаметен во јавноста по барањето поткуп на принцип „едно евро за Вице“ и по делењето парцели на сопственото семејство, нема кредибилитет да зборува за етика. Партијата која што секогаш кога е на власт ја пустошела и ја пустоши Македонија нема кредибилитет да зборува одговорност.

Треба да знаете
Последни објави