Рано утрово во 3.10 часот во Кочани, полициски службеници го привеле Д.Н.(19) од овој град. Од МВР информираат дека тој два часа претходно, со пиштол во раката влегол во бензинска пумпа во Кочани, а на една од пумпите оставил и нож. Според пријавеното, откако заминал, вработениот пронашол четири куршуми калибар 7,62 мм., кои биле подигнати заедно со ножот за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.