Викендов Скопје беше со многу сонце и натпросечно високи температури за овој период од годинава.
И вчера и денеска десеттици илјади граѓани, ги посетуваа најпопуларните локации во градот.
Полно беше во Градскиот парк, во Зоолошка, на Водно, но и на излетичките места како Сарај паркот и Марков манатстир.
Но, денеска преполно беше и во Старата скопска чаршија, бисерот на Скопје.
Илјадници граѓани, скопјани, жители на соседните градови, но и на соседни држави го искористија убавото време и прошетаа низ чаршијата.
Иако дуќаните, не работеа, кафулињата, чајџилниците и рестораните и сендвичарите беа преполни и се бараше место повеќе.