Американски брод беше погоден со проектил во Аденскиот залив

Товарен брод во сопственост на САД, кој пловел под знамето на Грција, бил нападнат со проектил во Аденскиот залив и бродот испратил барање за помош, а во нападот нема повредени, соопшти британската поморска безбедносна компанија Амбри.

Во соопштението се наведува дека нападот се случил на околу 150 километри источно од Аден во Јемен.

Британскиот воен центар за поморски трговски операции (УКМТО) соопшти дека има сознанија за нападот и дека истрагата е во тек.

Товарниот брод Рубимар, кој е под знаме на Белизе, е оштетен откако врз него биле испукани две ракети од Јемен, а екипажот успеал да се евакуира, изјави денеска портпаролот на британската поморска безбедносна компанија LSS-SAPU.

Портпаролот на јеменските бунтовници Хути, Јахја Саре, претходно изјави дека бродот Рубимар бил тешко оштетен во нападот во неделата и дека сега е во опасност да потоне.

Приватната безбедносна фирма Амбри соопшти дека товарниот брод регистриран во Велика Британија, управуван од Либан, бил на пат за Бугарија откако го напуштил Хорфакан во Обединетите Арапски Емирати.

Треба да знаете
Последни објави