Балканска зумба: Жените вежбаат и слабеат со народњаци

Фитнес инструкторката Лаура Цекиќ минатата година се пресели од Австрија во Лесковац. Откако посетила клуб и видела жени како танцуваат на народни песни, дошла на идеја да започне балканска зумба. Вака нејзините ученици тренираат и слабеат во ритамот на турбо фолкот.

Судејќи по објавите на социјалните мрежи, се бара повеќе простор за часовите. Мнозинството посетители се тинејџерки и средовечни жени, но има и пензионерки.

„Имаме клиенти кои изгубиле од 10 до 15 килограми. Зумбата е всушност кардио тренинг, одлична е за согорување калории, а нема здодевни повторувања и напорни вежби“, објаснила Чекиќ за Задоволна.нова.рс.

Покрај Зумба, Цекиќ, Мис Фитнес Австрија 2021, одржува и тренинзи за јога, пилатес и степ-аеробик. Поради големиот интерес планира да воведе и балкански зумба часови за деца.

Треба да знаете
Последни објави