Истражувачката компанија „Нумбео“ објави податоци поврзани со порастот на насилството во Европа и светот и откри кои земји се најбезбедни.
Во податоците, покрај реално мерливата стапка на криминал, се земаат предвид и субјективните согледувања. Станува збор за грижа за упади, кражби или напади, а корупцијата и поткупот исто така влијаеле на рангирањето на земјите на таа листа.
Според објавените резултати, Франција е најопасната земја во Европа. Следуваат Белорусија, Белгија, Шведска и Италија, а „топ 10“ листата ја комплетираат Велика Британија, Украина, Грција, Ирска и Молдавија.
На сосема поинаков крај од спектарот, Словенија, Естонија, Монако и Швајцарија се сметаат за особено безбедни земји.
Македонија е рангирана на 13 место по Албанија која е на 11 место и Босна и Херцеговина која е на 12 место, а пред Србија која по степенот на порастот на насилството е рангирана на 17 место, зад Русија и пред Германија, Косово (14) и Малта (15) се сметаат за поопасни земји од Србија.
Бугарија е на 19 место, Црна Гора на 21, Унгарија на 24, Романија на 26, Хрватска на 36 место.
Во однос на листата на најопасните земји во светот, на прво место е Венецуела.
Папуа Нова Гвинеја, Авганистан, Хаити и Јужна Африка се исто така многу небезбедни, а најбезбедна земја на планетата е Катар.