Бразилскиот фудбалер Алвес доби казна од 4,5 години затвор за силување

Бразилецот Дани Алвес е прогласен за виновен во судискиот случај во кој беше обвинет за сексуален напад врз девојка во ноќен клуб на крајот на 2022 година. Поранешниот бразилски репрезентативец е прогласен за винвен и осуден на казна затвор од четири години и шест месеци. Алвес ќе треба да плати и 150.000 евра оштета на девојката. Бразилскиот фудбалски интернационалец ја дозна казната за случајот што против него се водеше во судот во Барселона по три долги рочишта. Судењето заврши на 7 февруари, а петнаесет дена подоцна стигна и пресудата. Познатиот бразилски фудбалер лично дозна за одлуката на судот, а присуствуваа и неговата адвокатка Инес Гвардиола, како и обвинителката Елизабез Хименез и оштетената Естер Гарсија. Алвес беше уапсен во јануари 2023 година, откако 23-годишна девојка пријавила дека Бразилецот ја силувал во ноќен клуб во Барселона. Веднаш беше уапсен, во затвор помина 13 месеци, а судењето за овој случај почна овој февруари.

Треба да знаете
Последни објави