Зинедин Зидан би можел да се врати на тренерската работа и тоа на клупата на еден од најголемите клубови во светот – Баерн Минхен.
Медиумите во Германија тврдат дека Французинот е во потесниот избор за еден од потенцијалните тренери кои ќе го преземат клубот по неизбежното заминување на Томас Тухел на крајот од сезоната.
Поранешниот соиграч на Зидан, Дугари, сега изјави дека Баерн би бил совршен клуб за легендарниот играч.
„Мислам дека сите тренери сонуваат да раководат со клуб како Баерн. Тоа е апсолутно најдоброто! Мислам дека тоа е еден од совршените клубови за Зидан.
Зидан е еден од најодликуваните тренери во светот, но не презеде кормило на клуб од 2021 година. Тој освои 11 трофеи како менаџер на Реал Мадрид, вклучително и три титули во Лигата на шампионите во неговите два мандата во шест сезони во клубот.