Земјотрес со јачина од 4.8 степени по Рихтерова скала е регистриран денеска во 10 часот и 23 минути.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/02/Screenshot-2024-02-23-102958-800x252.png)
Според информациите на ЕМСЦ земјотресот бил на длабочина од 10 километри, 94 километри југозападно од Дубровник и на 154 километри од Подгорица, во Јадранското море.
Жителите на Дубровник велат дека почувствувале благи потреси, пренесуваат хрватските медиуми.