Претседателот на Главниот одбор на Сојузот на борци од Народно ослободителната и антифашистичка војна на Македонија (НОАВМ) 1941-1945 Никола Стојановски преку видео обраќање денеска ја изрази својата поддршка за актуелниот претседател на државата Стево Пендаровски за втор мандат.
Во излагањето, тој потенцира дека Пендаровски е извонреден човек кој и е потребен на државата.
„Тој претставува извонреден човек и потребен и е на државата. Работи, ги врши сите работи што треба да ги води како раководител и дел од раководството на државата“, вели Стојановски.
На прашањето дали Пендаровски ги обединува граѓаните, партизанот Стојановски изјави дека успева во тоа и затоа заслужува да продолжи да ја врши функцијата претседател на државата.
Д-р Никола Стојановски е учесник во НОБ и првиот претседавач на македонското собрание.