Арбен Таравари ги собра потребните 10.000 потписи за учество во трката за претседател на Македонија како кандидат на албанските опозициски партии во земјава. Тоа го објави попладнево шефот на неговиот изборен штаб, Башким Бакиу кој нагласи дека потписите биле собрани во рок од 24 часа.
Таравари е вториот кандидат за претстојните претседателски избори во Македонија кој собра 10.000 потписи од граѓани. Во тоа вчера успеа и Бујар Османи од ДУИ.
Кон потребните 10.000 потписи за учество во претседателската трка се приближуваат и кандидатите на Движењето За Наша Македонија (ЗНАМ) – Максим Димитриевски и на Левица – Билјана Ванковска-Цветковска. Димитриевски до вчеравечер собрал 8 400 потписи, а за Ванковска заклучно со вчера до 20 часот се потпишале 6 237 граѓани.