Се буди вулканот Попокатепетл, жителите на Мексико Сити предупредени да носат маски

Интензивната активност на вулканот Попокатепетл, во централно Мексико, ја загрижува мексиканската влада, а локалните власти издадоа предупредување поради континуираната емисија на пепел и водена пареа од кратерот и препорачаа жителите на Мексико Сити да носат маски.

Препораката е да се остане дома и да се избегнува директен контакт со вулканска пепел, пренесе АНСА. Националниот центар за превенција од катастрофи извести дека опасноста се уште постои и дека селото најблиску до вулканот е евакуирано.

Се додава дека сателитски снимки покажуваат како облакот од пепел се приближува до најблиското село. Попокатепетл е на околу 70 километри од Мексико Сити

Треба да знаете
Последни објави