Влажен бран од Медитеранот се приближува кон Македонија: Локално ќе има обилни врнежи од дожд!

Под влијание на влажен воздушен бран од Медитеранот, особено утре попладне, во текот на ноќта кон петок и во петок во Мкедонија ќе има повремени врнежи од дожд, и истите локално ќе бидат пообилни (со што локално ќе наврнат до околу, па и над 20 литри дожд на метар квадратен), особено во западните  и во јужните предели од државава.

Снег ќе врне само на највисоките планини во северозападните предели од Македонија (односно на највисоките места на планината Шар Планина).

Заследете ја мојата официјална фејсбук страница Славчо Попоски – МЕТЕО Прогнозер и мојот официјален инстаграм профил https://www.instagram.com/slavchopoposki/

Во Скопје и околината исто така со овој влажен бран очекуваме повремени врнежи од дожд.

Од денес до петок повремено ќе дува засилен ветер од југоисточен правец (повремено и локално со брзина од над 60 км/час).

Што се однесува до температурите, тие  и понатаму остануваат невообичаено високи за овој период од годината, што значи дека тие речиси насекаде ќе надминуваат 10 степени, а во најтоплите централни и југоисточни предели температурите ќе се искачат дури до околу 20 степени

Треба да знаете
Последни објави