(Видео) Д-р Салија Љатиф Петрушовска: За Пендаровски имам само пофални зборови

Јавната поддршка за втор мандат за актуелниот претседател Стево Пендаровски продолжува.

Денеска, со своја видео објава, поддршка даде и Д-р Салија Љатиф Петрушовска, директорка на Специјализирана геријатриска и паљативна нега, „13 Ноември“ Скопје.

„За господинот Стево Пендаровски можам да кажам само пофални зборови. Многу сме благодарни како установа за соработката што ја имаме, особено со госпоѓа Елизабета Ѓоргиевска, голема е честа да ни биде гостин и поддржувач на сите јавни настани и процеси коишто ги водеше нашата болница. Им благодариме на целата поддршка што ни ја даваа, а на Пендаровски му посакуваме многу успеси во неговата кариера“ вели Љатиф – Петрушовска во својата објава.

Со видеа за поддршка на Пендаровски досега се појавија десеттици јавни личности, уметници, актери и професори.

Треба да знаете
Последни објави