Собранието не ги изгласа измените на законот за продолжување на рокот на пасошите

Во Собранието не поминаа измените на Законот за патни исправи, кои беа предложени од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, а со кои се бараше продолжување на важноста на старите пасоши со Република Македонија до крајот на 2024 година.

Против измените на законот гласаа 54 пратеници, додека 46 беа “за“.

Координаторот на пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ Никола Мицевски од собраниската говорница рече дека поради кризата со патните исправи  македонските граѓани правдата ќе ја бараат пред меѓународните судови.

Пратениците на СДСМ, не  го поддржат продолжувањето на рокот за пасош до 31 декември, бидејќи сметаат дека е спротивно на Уставот и меѓународните договори. 

Во меѓувреме делегацијата на Европската унија во земјава порачува Македонија да продолжи да ги почитува меѓународните договори, а признавањето на пасошите е работа на секоја членка 

“Важно е Северна Македонија да продолжи да ги почитува меѓународните договори, вклучувајќи ги и заложбите за замена на патните исправи, содржани во Преспанскиот договор. Потсетуваме дека признавањето на патните исправи издадени од трети земји е во надлежност на секоја земја“ 

Владејачкото мнозинство дополнително ќе треба да се произнесе за иницијативата  на нивниот  коалиционен  партнер ЛДП  кој излезе со предлог пасошите да важат до истекот на нивниот рок  но со печат на Северна Македонија. Промените се предложени по итна постапка, а ќе бидат разгледани на наредната седница. 

Треба да знаете
Последни објави