Палестинска самоуправа: Хамас нема да биде дел од владата на палестинските територии

Министерот за надворешни работи на Палестинската управа (ПА) Ријад ал Малики рече дека верува оти Хамас разбира зошто не треба да биде дел од новата влада на палестинските територии.

Малики на прес-конференција рече дека е потребна „технократска“ влада, без милитантна група која води војна против Израел, објави „Тајмс оф Израел“.

Министерот истакна дека сега не е време за национална коалициска влада, бидејќи владата во која е и Хамас ќе биде бојкотирана од многу земји, како што се случи претходно.

„Не сакаме да бидеме во таква ситуација. Сакаме да бидеме прифатени и целосно да се ангажираме со меѓународната заедница“, заклучи Малики.

Треба да знаете
Последни објави