(ВИДЕО) Автомобил влета меѓу луѓе во Полска: 19 лица се повредени, меѓу кои три деца

Автомобил влета во толпа луѓе кои чекале на трамвајска постојка во северозападниот полски град Шчечин, а потоа се судрил со три други возила, јавија локалните медиуми.

ТВН24 објави дека околу 19 лица се повредени, меѓу кои три деца, а две лица се во критична состојба.

Полицијата соопшти дека возачот, 33-годишен маж, побегнал од местото на настанот, но подоцна бил уапсен.

Треба да знаете
Последни објави