Првиот светски тениски рекет, Србинот Новак Ѓоковиќ денеска почнува уште една недела на лидерската позиција на АТП рејтинг листата. Ова за Ѓоковиќ е 415 недела како е прворангиран, што е негов личен и светски рекорд, кој станува се потешко достижен за играчите во „белиот спорт“. Ѓоковиќ има 9.675 поени, 870 повеќе од второпласираниот Шпанец Карлос Алкараз (8.805). Зад водечката двојка е Италијанецот Јаник Синер (8.270), Данил Медведев (7.715) и Андреј Рубљов (5.010). Германецот Александар Зверев (4.950) е на шестата позиција, Данецот Холгер Руне (3.720) е седмопласиран, Полјакот Хуберт Хуркач (3.405 поени) е на осмото место. Во „топ 10“ тенисери се уште Норвежанецот Каспер Руд, кој напредуваше за две позиции и сега е деветти (3.405), а Австралиецот Алекс де Минор (3.210) 3 десетти.