Против 50-годишен маж, осомничен за обид за блудни дела врз деца, е поднесена кривична пријава и му е одреден едномесечен притвор, извести во понеделникот задарската полиција, а неофицијално се дознава дека станува збор за наставник по музика кој бил пријавен од две деца.
Поради сомнение за сторени кривични дела од областа на злоупотреба и експлоатација на деца, полицијата спроведе кривична истрага за 50-годишен хрватски државјанин. Против осомничениот е поднесена кривична пријава до надлежното државно правобранителство, а истиот е предаден на притворското одделение на СВР Задар. Истражен судија му одреди едномесечен притвор поради опасност од повторување на делото и можност за влијание врз сведоци.
Неофицијално се дознава дека станува збор за наставник по музичко образование, кого две деца – момче и девојче го пријавиле за обид за кривично дело.
Задарската полиција забележува дека во врска со настани во кои се вклучени малолетници, тие ги почитуваат одредбите од Законот за малолетнички судови за тајност на постапките поради најдобри интереси на децата жртви како и за заштитата на достоинството на жртвите.