Младинките ја победија бугарската ракометна репрезентација

Младинската женска ракометна репрезентација на Македонија во пријателскиот натпревар што се одигра на салата Автокоманда ја победи репрезентацијата на Бугарија  со резултат 31:23.

Репрезентацијата одигра одлично прво полувреме, цврстата игра во одбраната и ефикасноста во нападите и донесоа резултатска предност од шест погодоци, односно резултатот на полувремето беше 14:8. Во второто полувреме репрезентацијата ја одржуваше својата предност за конечни 31:23.

Јована Кипријановска и Мила Трајковиќ беа најефикасни македонски ракометарки со по пет постигнати погодоци, додека за репрезентацијата на Бугарија листата на стрелци ја предводеше Марија Маслева со седум погодоци.

Треба да знаете
Последни објави