Агенцијата на ОН за помош и работа за палестинските бегалци (UNRWA) подготви интерент извештај кој циркулира во Обединетите нации, во кој се зборува за широко распространето злоставување на Палестинците во израелските притворни центри, објави лондонски Гардијан, наведувајќи дека има увид во документот.
Внатрешниот извештај на УНРВА опишува широко распространета злоупотреба на Палестинците во израелските притворни центри, што, како што се наведува вклучува тепање, напади со кучиња и сексуални напади.
Извештајот на УНРВА главно се заснова на сведочењата на палестинските затвореници кои беа ослободени од декември 2023 година на преминот Керем Шалом, каде што персоналот на УНРВА беше присутен за да обезбеди хуманитарна поддршка.
Во извештајот, кој кружи во ОН, се наведува дека од декември 2023 година се ослободени нешто повеќе од 1.000 затвореници. Сепак, се проценува дека повеќе од 4.000 мажи, жени и деца биле уапсени во Газа од почетокот на конфликтот, предизвикан од упадот на Хамас во јужен Израел на 7 октомври, при што загинаа околу 1.200 Израелци, главно цивили.
Израел ги негира обвинувањата за злоупотреба, велејќи дека тоа е пропаганда поттикната од Хамас, пишува Гардијан.