ВИКЕНД МЕТЕО АНАЛИЗА: За време на викендот краткотрајно стабилизирање на времето, но ќе биде и потопло!

Метео анализа на Славчо Попоски:

Викендот кој доаѓа уште одсега можете да си го планирате. Не очекува претежно стабилен, сув и топол викенд, односно времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Сепак ќе започне да засилува ветерот од јужен и од југоисточен правец.

Што се однесува до температурите, наутро ќе биде малку посвежо со минимални температури кој на повеќе места ќе се спуштат до околу нула степени, понекаде, особено на повисоките населени места, како и на планините  и за некој степен под нулата.

Заследете ја мојата официјална фејсбук страница Славчо Попоски – МЕТЕО Прогнозер и мојот официјален инстаграм профил https://www.instagram.com/slavchopoposki/

Максималните дневни температури на воздухоит пак речиси насекаде ќе надминуваат 10 степени, понекаде тие ќе се искачат  и до 15 степени, додека во најтоплите централни и југоисточни предели температурите ќе се искачат и до околу 17 степени.

Во Скопје  и околината за време на викендот што доаѓа исто така очекуваме стабилно, суво и сончево време со мала до умерена облачност. Ќе засилува ветерот од јужен и од југоисточен правец. Што се донесува до температурите, тие наутро ќе се спуштаат во интервалот помеѓу 2  и 5 степени, а максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 13  и 15 степени.

Треба да знаете
Последни објави