На 01.06.2019 околу 11.15 часот е пријавено дека во с. Мамутчево-Велес, во дворот од сопствената куќа се повредил М. И. (64), на тој начин што додека лежел под неговиот трактор и вршел поправки, тракторот се придвижил и со задното тркало му поминал врз градите. М.И. бил пренесен во Општа болница Велес, каде му се констатирани тешки телесни повреди. Увид извршила увидна екипа од СВР Велес.