Легендарниот француски фудбалер, Франк Рибери одлучи да стави крај на својата богата играчка кариерата. Рибери се уште е член на италијанската Салернитана и има договор до јуни, но сепак одлучи да го раскине договорот и да замине во играчка пензија. Рибери завршува со играњето фудбал на 39-години. Французин блесна во Марсеј, а својата афирмација ја доживеа во Баерн Минхен каде освои се што можеше да се освои. Потоа се одлучи на авантура во Италија каде настапуваше за Фиорентина, а минатата сезона за Салернитана. Рибери ќе биде запаметен и по неговото лице со лузна кое го одбележа неговиот живот, а за француската репрезентација одигра 81 меч.