(ВИДЕО) Пет лица во Газа загинаа од пакети со хуманитарна помош фрлени од авион

Најмалку пет лица загинаа, а 10 се повредени откако врз нив паднаа пакети со хуманитарна помош фрлени од авион во кампот Ал Шати западно од градот Газа, пишува Си-Ен-Ен.

Пакетите не ги отвориле своите падобрани и паднале врз луѓето кои ги чекале. Некои од повредените се во тешка состојба.

Хуманитарна помош денеска во Газа фрлија САД, Јордан, Египет, Франција, Холандија и Белгија, но, како што пишува Си-Ен-Ен, се уште не се знае чии пакети убиле луѓе.

Паѓањето прва помош Американците го извршија во саботата. Тие доставија 38.000 оброци долж Појасот Газа во заедничка операција со Јордан.

Треба да знаете
Последни објави