Во организација на Коњичкиот клуб „Бравадос” од Скопје утре ќе се одржат првиот „Октомвриски коњички турнир” и петтото коло од Отвореното државно првенство во прескокнување пречки.
Натпреварувањата започнуваат во 10:00 часот на теренот во скопската населба Волково.
На програмата, како што соопшти Македонската федерација за коњички спортови, се пет натпревари во прескокнување пречки во класите А, Б, Ц, Д и дебитанти, со височина на пречките од 0.90 – 1.20/1.40 метри.