Американски воен брод со опрема за изградба на привремено пристаниште се упати кон источниот Медитеран

Американскиот воен брод „Генерал Френк С. Бесон“ (LSV-1) ја напушти базата Ленгли-Јустис во САД и се упати кон источниот Медитеран, каде што ќе биде ангажиран во воспоставување прекуокеански пат за испорака на хуманитарна помош до Појасот Газа, објави рано утрово Централната команда на САД (CENTCOM ).

Бродот носи основна опрема за изградба на привремен пристаниште за испорака на витални хуманитарни материјали.

Овој брод за воена логистичка поддршка исплови за мисијата нешто помалку од 36 часа откако американскиот претседател Џозеф Бајден објави дека САД ќе изградат пристаниште за да помогнат во испораката на помош до Појасот Газа по море.

Обединетите нации предупредија дека хуманитарната катастрофа поради недостигот на храна во Појасот Газа, каде што е во тек конфликтот меѓу Израел и палестинската милитантна група Хамас, е речиси неизбежна и дека децата умираат од глад бидејќи доставувањето хуманитарна помош по копно и воздух се покажа тешко и опасно.

Треба да знаете
Последни објави