Норвешката гол-машина Ерлинг Халанд постигнува голови за англискиот фудбалски шампион Манчестер сити, каде пристигна летово, како на филмска лента, па за тоа дебело е платен. Според „Дејли Мејл“ напаѓачот на „граѓаните“ добива највисоката плата во Премиер лигата. Покрај основната плата тој добива и лесно остварливи бонуси, па така доаѓа до сума од скоро 900 илјади фунти неделна плата. Халанд заработува колку две големи ѕвезди заедно. Неговиот соиграч Де Брујн има неделна пла од 375.000, додека Роналдо неделно заработува 480.000 фунти. Халанд ова лето пристигна во Манчестер сити и веќе постигна 19 гола, од кои 14 во Премиер лигата и 5 во Лигата на шампиони, со што постави неколку нови рекорди.