На Сицилија уапсени 55 лица во акција против мафијата

Во полициската и обвинителската акција против мафијата во провинцијата Калтанисета на Сицилија уапсени се 55 лица.

За време на акцијата е извршена потрага и по оружје и дрога.

Во операцијата учествувале околу 500 полицајци, соопшти Анса.

Уапсените се осомничени за мафијашко здружување, изнуда и трговија со дрога, како и за поседување оружје и експлозиви.

Треба да знаете
Последни објави