Вчера започнаа рамазанските пости, а кандидатот за претседател на ДУИ, Бујар Османи, ги пречека лидерот на ДУИ, Али Ахмети, и техничкиот премиер Талат Џафери во својот дом.
Со богата трпеза Османи ги пречека своите сопартијци, а новородениот син беше во центар на вниманието.
„Ми беше задоволство да го започнам овој свет месец со заеднички ифтар во мојот дом со претседателот Али Ахмети и премиерот Талат Џафери и сопружниците. Малиот Луанит беше во центарот на вниманието!“, напиша Османи на фејсбук.
https://fb.watch/qM0uzsIoX8/