Еве кои зачински билки можете лесно да ги одгледувате во вашиот дом

Зачинските билки не само што ќе донесат ароматични мириси и релаксирачки бои во вашиот дом, туку ќе послужат и како можност секогаш да имате на дофат вкусен додаток на вашите оброци.

Во последниве години, зачинските билки станаа многу популарни меѓу љубителите на домашните растенија и кулинарството, најмногу поради тоа што се едноставни, евтини и доаѓаат со задоволство да готвите со она што сте го одгледувале со свои раце.

Сè што ви е потребно за да започнете да ги одгледувате се основните информации за одржување, со кои вашиот ентериер наскоро ќе мириса на нивните неодоливи мириси.

Најпрво, важно е да ги засадите во саксии и земја со добра дренажа и да ги поставите на место во станот што е добро осветлено од сонце, како што е прозорец или балкон. Ќе помогне и збогатувањето на почвата со ѓубриво, што ќе поттикне уште пораскошен раст.

Наводнувајте ги редовно, внимавајте почвата да биде секогаш малку влажна, но не и поплавена, бидејќи прекумерната количина на вода може да доведе до гниење на корените.

Кога берете вкусни листови, не штедете премногу бидејќи така ќе го поттикнете нивниот понатамошен раст. Соберете ги со остри ножици, внимавајќи да не земете повеќе од две третини од растението.

Исто така, свртете го на секои неколку недели бидејќи има тенденција да расте кон светлината. Ако одгледувате билки за кулинарска употреба, отсечете ги сите цветови што се развиваат. Кога почнува да цвета, листовите на многу видови го менуваат вкусот и стануваат горчливи.

За да имате што поголем успех на почетокот, експертите ги издвоија видовите кои најлесно се одгледуваат и негуваат.

Босилок

Ова разноврсно растение лесно се одгледува дома, доколку следите неколку едноставни чекори. Најпрво, важно е да биде изложен на сончева светлина најмалку шест до осум часа и да го полевате обилно. Секогаш собирајте ги горните, надворешните лисја за да може да продолжи да расте во висина и ширина.

Одличен е за почетници бидејќи е исклучително издржлив, па дури и ако забележите дека почнал да венее, едноставно надополнете го недостатокот на течност, што најверојатно брзо ќе го врати во оптимална состојба.

Магдонос

Со изобилство на витамин Ц и бројни хранливи материи, магдоносот е вистинска суперхрана која вреди да се одгледува дома. Одличен додаток е во оброците, од него се прават здрави чаеви и смути, а мирисот кој се шири низ внатрешноста е прекрасен.

Чувајте го на сончево место и редовно полевајте го. За да расте подобро и подолго, покријте ја почвата со слој прекривка.

Копар

Оваа билка е особено добредојдена во јадењата со морска храна, јајца и компири, кои и во мали количини се претвораат во неодоливо вкусни оброци. Копарот лесно се одгледува внатре и на отворено. Како босилекот, му требаат шест до осум часа сонце дневно и добро исцедена почва.

Мајчина душица

Мајчина душица има толку интензивен мирис и вкус што повеќето луѓе или ја сакаат или ја мразат. Ако сте меѓу обожавателите, ќе уживате во домашното одгледување кое воопшто не е комплицирано.

Сè што е потребно е често наводнување, кое секогаш ќе ја одржува малку влажна почвата и редовно средување. Дополнително, пожелно е почвата да се збогати со ситни камчиња, кои ќе ја одржуваат добро проветрени, а саксијата треба да се чува на сончево место.

Треба да знаете
Последни објави