На денешната јавна седница во Врховниот суд за жалбата против мерката притвор на Александар Ѓорчевски, таткото на убиената Вања Ѓорчевсја, пред судот кажае дека не му е важно каде ќе ја дочека разрешницата на случајот.
Ѓорчевски кажа дека е на два света, а дека сам ќе одлучи дали ќе остане со помладата ќерка или ќе и се придружи на Вања, на постарата ќерка.
– Јас сум на два света во моментов. Едното дете се наоѓа тука, другото ми го земаа. Не ми е битно каде ќе ја дочекам оваа разрешница. Кога ќе се донесе одлуката ќе донесам лична одлука дали ќе се и придружам на постарата ќерка – рече Ѓорчевски.
Неговиот адвокат Владимир Туфегчиќ во образложението зошто бара укинување на притворот за Ѓорчевски рече дека одлката на Апелацискиот суд Скопје е во спротивност со Европската конвенција за човекови права.
„Скоро 4 месеци трае притворот, а нам не ни е дадена барем една индиција дека Обвинителството има основано сомнение дека Ѓорчевски сторил кривично дело“, рече адвокатот.
Адвокатот напомена дека психичката состојба на Ѓорчевски, во која преовладуваат симптоми на анксиозност, депресија и лутина поради загубата на сопственото дете, што е нешто најстрашно што може да му се случи на еден родител, не одат во насока на себезаштита, туку на разрешување на целиот случај и одбрана на пристојноста на едно семејство која е уништена.
Туфегџиќ во своето излагање, исто така, кажа дека одбраната во постапката обезбедила шест сведоци кои се испитани, а со кои според него, Ѓорчевски од исчезнувањето на неговата ќерка прибрал снимки од камери за видеонадзор на повеќе објекти кои ги предал на истражните органи.
Обвинителката од републичкото јавно обвинителство, Наталија Тасевска, кажа дека Обвинителството предлага Врховниот суд да ја одбие жалбата на Ѓорчевски бидејќи истрагата сè уште трае, се вештачат телефонски разговори од кои се извлекуваат заклучоци дека осомничениот го сторил кривичното дело.
„Постои висок степен на веројатност дека осомничениот ќе се даде во бегство во оваа фаза на постапката кога сè уште се преземаат дејствија и постои опасност од влијание врз сведоци кои во понатамошниот тек на постапката може да доведе до тоа да ги променат исказите пред судечкиот совет“,рече обвинителката Наталија Тасевска од републичкото јавно обвинителство.
Единствена мерка со која може да се обезбеди безбедно водење на постапката, според обвинителката, е мерката притвор.
Кривичниот совет на Врховниот суд дополнително ќе донесе одлука по однос на жалбата на одбраната на Ѓорчевски во однос на одлуката за продолжување на мерката притвор.