Атлетико Мадрид преку пенали се промовира во последен патник од четвртфиналето на ЛШ

Шпанскиот ла-лигаш Атлетико Мадрид е последниот патник во четвртфиналето на фудбалскатга лига Лига на шампионите, откако вечерва со подобро изнведување на ударите од белата точка го елиминира италијанскиот калчолигаш Интер (3:2 на пенали – во регуларниот дел и по продолженијата 2:1). Првиот натпревар во Милано заврши со минимална победа за Интер (1:0). Голманот на Атлетико, словенечкиот репрезентативец Јан Облак ги одбрани ударите на Санчез и Класен, а капитенот на Интер Мартинез го промаши голот. Интер имаше подобар почеток бидејќи стигна до посакувано водство во 33. минута, а асистенцијата на Барела во гол ја претвори Димарко. Сепак, предноста на траеше долго бидејќи Антоан Гризман на спротивната страна ја искористи мешаницата во шеснаесетникот на Интер и набрзина ја врати ситуацијата на почетната, поставувајќи ги конечните 1:1 по првиот дел. Притисокот на Атлетико во завршницата вроди со плод откако резервистот Депај реализираше во 87. минута, па победата од 2:1 за шпанскиот клуб значеше продолжение од триесет минути.

Треба да знаете
Последни објави