Пелистер со „добредојде дома“ го пречека Митревски

Македонскиот ракометен шампион во машка конкуренција, битолски Еурофарм Пелистер, доби големо засилување за следната сезона во повратникот на домашната сцена, репрезентативниот голман Никола Митревски. „Фармацевтите“ денеска официјално го промовираа капитенот на македонската репрезентација Митревски, кој последен пат беше дел од Пелистер во сезоната 2019-2020, пред да замине во Порто. Тој потекнува од тимот на Пелистер, за кого играше од 2005 до 2007 година, а потоа беше дел од Вардар, Металург, Бенфика и Костанца. „Добредојде дома“, беше пораката од Еурофарм Пелистер при промоцијата на Митревски.

Треба да знаете
Последни објави