ТФТ експресно им се врати на победите во мак-баскетот

Кошаркарите на ТФТ експресно им се вратија на победите, откако во минатото коло низата од пет триумфи им ја прекина шампионот МЗТ Скопје. ТФТ во меч од 20. коло во македонскиот кошаркарски шампионат вечерва го совлада пред своите гледачи кавадаречки Еуро Никел (73:56). Натпреварот беше рамноправен во првото полувреме, двете екипи се менуваа во водството, а кавадаречкиот тим на одморот замина со предност од 33:32. Во продолжението ТФТ ја зеде целосно контролата на играта и резултатот во свои раце и дојде до предност од 11 поени разлика, која во последната четвртина се искачи на 17 поени со каква разлика заврши мечот. Зафиров со 13 поени беше најефикасен во составот на ТФТ, а од редовите на Еуро Никел беше најефикасниот играч на мечот Маск кој заврши со 19 поени.

Треба да знаете
Последни објави