Струмичани имаат една изрека „Глеј си раатот“, јас во политиката не влегов да си го гледам раатот.
Ова денеска го изјави премиерот Зоран Заев на трибината која се одржува по повод две години од формирањето на Владата.
-За две години ги затворивме сите отворени прашања, преземавме одговорност што никој не сакаше да ја преземе цели 3 децении. Го зачувавме македонскиот идентитет. Сега граѓаните чекаат јасен потег од Европската унија, рече Заев.
На форумот организиран по повод двегодишнината од Владата, што се уште е во тек, се обратија и вицепремиерите Радмила Шекеринска, Бујар Османи, Оливер Спасовски и Кочо Анѓушев. Учествуваат и универзитетски професори, академици, бизнисмени и граѓански активисти.
На форумот, насловен „Две години Влада – одговорно пред граѓаните“, ќе се одржат две сесии. Првата сесија е насловена „Промени 2017-2019“: Од поделено и изолирано општество пред колапс, до стабилно, солидарно и почитувано општество“.