Истражувачи од Индија успеаја да докажат дека и азиските слонови ги закопуваат своите мртви младенчиња во земја. Имено, пет закопани слончиња се пронајдени и документирани во Северен Бенгал, објави Си-ен-ен.
Авторот на истражувањата, Акашдип Рој, инаку истражувач од Индискиот институт за научно образование и истражување, појасни дека кога ги закопуваат своите новородени, слоновите го држат трупот со нозете или задниот дел од телото.
– Досега беше познато само за африканскиот слон – дека ги закопува своите мртви, но сега првпат ова однесување е забележано кај слоновите во Азија… Закопаните слончиња се пронајдени во области каде што има шуми и земјоделски површини како што се „Чајните градини“. Стада слонови ги користат тие патеки кај „Чајните градини“ во своето секојдневие. Во минатото, слоновите претежно престојувале во шумите, но последниве десетлетија тие сè почесто се присутни и во областите каде што има луѓе, изјави Рој.
Слонот, сепак, не ги закопува своите угинати во селата, поради големата веројатност да биде попречен од луѓето, така што каналите во „Чајните градини“, се чини се „совршено место“ за погребување, се наведува. Така, најлесниот начин за слонот е да го положи телото во ров и потоа да го покрие со кал т.е. земја.